Нуклеарното оружје повторно е на масата

Од:

Никогаш не сум обрнувал посебно внимание на жените од Гринхем комон (мировен камп покрај базата на Кралската авијација од 1981-1991 година). Како донекаде реакционерно настроен студент во 80-ите, ги сметав тие жени и нивниот протестен камп покрај британската база за атомско оружје – за глупави и заблудени. Сепак, овој десетгодишен обид покажа дека противењето на атомското оружје функционира.

Од тогаш минаа триесет години, а атомскиот мир се уште се одржува. Но вербата дека атомското оружје никогаш нема да биде искористено полека почнува да се расклатува.

Загриженоста кај мене е предизвикана од три прични. Прво, распространувањето на атомското оружје во нестабилни држави како Пакистан и Северна Кореја. Второ, појавата на се повеќе докази за тоа како светот во различни моменти бил толку блиску до атомски конфликт. Третата причина за немирот кај мене е поврзана со скорешни настани: значителен пораст на заканувачка атомска реторика од Русија.

И во официјални и во неофицијални изјави, Русите сега се појавно се повикуваат на атомскиот арсенал на својата држава. Пред две недели бев сведок како виден Русин ја предупредува публиката на државен семинар во Вашингтон, дека „претседателот Владимир Путин го става атомското оружје на маса“. Рускиот претседател навистина пред руската јавност рече дека надворешни субјекти не смеат „да ни се мешаат“ затоа што Русија е една од водечките атомски сили“.

Минатата недела Правда објави статија со наслов: „Русија подготвува атомско изненадување за НАТО“. Изданието формално објави дека Русија има паритет со САД во врска со стратешките атомски оружја, и гордо истакна: „Кај тактичките атомски оружја надмоќта на современа Русија над НАТО е уште поголемо. Американците добро го знаат тоа. Претходно тие беа убедени дека Русија никогаш нема пак да се издигне. А сега е предоцна“.

Единствено колебање кај мене додека го пишувам за ова е дека воопшто немам сомненж дека една од целите на сето тоа атомско перчење на Москва е имено да ги натера западните коментатори да заговараат за руска атомска закана. Русија очајно се обидува да спречи западот да и достави воена помош на Украина. Затоа сака да испрати порака дека секое следно подигнување на затегнатоста би предизвикало жестока реакција од Москва и – кој знае – најаверојатно дури и користење на атомско оружје.

Изгледа дека во своето владеење Путин се придржува кон „теоријата за лудиот“ како што ја нарече Ричард Никсон. Според објаснувањето на поранешниот претседател на САД, „Ако противникот почувствува дека си непредвидлив, па дури и непокорлив, тој нема да смее многу да те притиска. Шансите да се запука нагло растат“.

Претседателот Путин најверојатно правилно проценил дека онака како го става атомското оружје на маса, може веднаш да се претстави како полуд од трезвено расудувачкиот претседател на САД, Барак Обама.

Покрај тоа, дури и да претпоставиме дека руската атомска реторика е блеф, таа сепка е опасна затоа што за да го направи блефот закана, русите ќе треба да ја подигнат затегнатоста и да прифатат ризици. Минатата недела, командантот на силите на Нато во Европа генерал Филип Брејдлав, рече дека Русија „префрлила трупи со атомски потенцијал“ на Крим. Ако се имаат во предвид продолжувњето на борбите во Украина, постои се поголема опасност Русија и НАТО погрешно да ги протолкуваат взаемните намери.

Според специјалисти за историја на Студената војна, грешки и погрешни проценки го доближувале светот со неочекуван атомски конфликт почесто отколку што тоа вообичаено се мисли. Еден неодамна објавен документ од Британскиот кралски институт за меѓународни односи, насловен како „Преблизу за да се опуштиме“, докуменира неколку случаи. Дел од нив биле поврзани со компјутерски проблеми, кои ги натерале САД или Русија да мислат дека се предмет на атомски напад. Како што стои во документот, „Неколку индивидуални одлуки, често и како спротивни на протоколи и политички насоки, на неколку пати го спасувале светот“.

Некои од најопасните случаи при кои атомската војна била за влакно избегната, биле за време на периодот на висока политичка затегнатост помеѓу Москва и Вашингтон. Најпознатиот таков скучај беше кубанската ракетна криза во 1962 година. Еден поскорешпен пример – со посилен современ оддек – беше случајот „Ејбл Арчер“ (вешт стрелец) од ноември 1983 година.

Во септември истата година, Советскиот сојуз урнал цивилен патнички авион на корејската авиокомпанија, при што загинаа 267 луѓе. Таа трагедија – слична на урнувањето на авионот на Малејжан ерлајнс над Украина оваа година – значително ја подигна затегнатоста помеѓу истокот и западот, а русите – како тогаш, така и сега – ја обвинуваа Америка за милитаризам и планови за владеење со светот.

Во таквата ситуација, НАТО организираше воена вежба за вежбање на западен атомски удар врз СССР. Операцијата „вешт стрелец“ беше толку добро изведена и толку реалистична, што мнозина во Москва ја протолкуваа како подготовка за предвремен удар на Нато. Во својот одговор, русите го ставија на готовс своето атомско оружје. Изгледа дека разузунавачките служби му сигнализирале на западот како во Москва гледаат на „вешт стрелец“, што доведе затегнатоста да биде намалена.

Една поука од таа епизода е дека постоењето на „жешката телефонска линија“ помеѓу Москва и Вашингтон не е гаранција дека двете страни нема да дозволат грешка. Друга лекција е дека секакви двосмислени чекори кои вклучуваат атомско оружје, можат да предизвикаат опасна паника.

Генерацијата на моите родители беше навикната да живее под постојана сенка на бомбата. Сепак за мојата генерација самата идеја за атомска војна изгледа како нешто од научната фантастика или како црна комедија од типот на „Д-р Стрејнџлав“. Но атомските арсенали на светот не беа отстранети по Студената војна. За жал, сега веројатно се враќаме кон епохата во која заканата од атомска војна веќе не може да биде сметана за нешто од научната фантастика.

Фајненшел тајмс – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на нуклеарните централи до пролет

Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна

Скен : Ќе ѕвечат нуклеарки во Европа – ни тропа ли трета светска војна на врата?

Анита Петровска Рајковиќ

Франција со план за изградба на шест нуклеарки

Доаѓа ли крајот на атомската енергетика?

Ана Ололовска

Властите на нордиски држави соопштија за зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа

Ана Ололовска