Франција со план за изградба на шест нуклеарки

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да објави пред Божиќ изградба на шест нови нуклеарни реактори ЕПР на француско тло, објави „Фигаро“.

Шест месеци пред претседателските избори во Франција, одлуката за изградба на шест нуклеарни реактори е забрзана со енергетската криза во Европа, како и зголемените цени на енергијата, кои се повеќе влијаат на животниот стандард на граѓаните, додава весникот.

„Енергетската криза покажува дека имаме право да избереме нуклеарна енергија како дел од транзицијата кон зелена енергија“, изјави неименуван висок владин претставник за „Фигаро“.

Портпаролот на Кабинетот на францускиот претседател одби да го коментира извештајот на весникот.

На почетокот на својот мандат, Макрон вети дека ќе го намали учеството на нуклеарната енергија од сегашните 75 на 50 проценти до 2035 година. Но, сегашната енергетска криза ги промени приоритетите на Париз.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден