Национална географија – Вашингтон
Нуклераните катастрофи и погрешното ракување со радиоактивните машини и материјалниот отпад спаѓаат во можеби најголемите закани на планетата и човечкиот род.
1. Три миљи
На реката Саскавехан во Мидлтаун во Пенсилванија се наоѓа островот Три миљи и истоимена нуклеарна електрана. Во неа на 28 март 1979 година се случи нуклеарна катастрофа кога се стопи јадрото на реакторот ТМИ-2, што предизвика радиоактивно зрачење.
2. Подморницата К-19
Николај Владимирович Затајев бил командант на подморницата К-19, која вршела обуки во северниот дел на Атланскиот океан. Откако дошло до истекување на дел од реакторот задолжен за ладење, Американците понудиле помош на капетанот, но тој одбил американските воени бродови да се замешаат во инцидентот и наредил цело оружје да се фрли, што предизвикало радиоактивно зрачење. Осум членови на екипажот починале, а 26 биле одликувани.
3. Сарагоса
При одржувањето на еден акцелератор на клиника умреле 11 пациеnти, а повредени се најмалку 27 лица. Најчесто доаѓало до изгореници на кожата и воспаление на внатрешните органи и коскената срж. Од бирократски причини, повторниот преглед на радиотераписки машини бил одложуван, а подоцна се утврдило дека со неа не било управувано соодветно, т.е. дека одржувањето не било изведено правилно.
4. Фукушима1
Кога цунами го зафати подрачјето на кое се наоѓаше нуклеарната електрана на 11 март 2011 година, дојде до нуклеарна катастрофа. Последиците беа такви што круг од 20 километри квадратни стана забранета зона, а средината и релјефот, за среќа, спречија загадувањето да се прошири.
5. Чернобил
Најпознатата нуклеарна несреќа на светот се случи на 26 април во 1986 година. Се смета за најголема нуклеарна катастрофа до сега. Поради експлозија на Реакторот 4, радиоактивниот отпад се прошири во атмосферата, така радиоактивни облаци ја прекрија цела Европа.