НСА со програмите за шпионирање во странство во последните неколку години уапсила над 100 лица

Од:

Над сто лица биле уапсени во последните неколку години благодарение на програмите на американската Агенција за национална безбедност (НСА) за електронска шпионажа во странство, се посочува во вчера објавениот извештај на 190 страни на независната комисија која ги истражуваше активностите на Агенцијата.

Како што пренесуваат француските медиуми, петчлената „Комисија за набљудување на граѓанските слободи и правото на чесен живот“ дошла до заклучок дека следењето на интернетот и телефонските комуникации на неамериканци во странство, одобрено со член 702 од Законот за разузнавање, било едно од најефикасните средства на американското разузнавање во борбата со тероризмот.

Во триесетина случаи, информациите добиени благодарение на програмите на НСА овозможиле идентификување на терористи, дотогаш непознати за службите, и/или на планови за атентати, се наведува во извештајот. Во други дваесетина случаи следењето овозможило да се помогне во актуелни антитерористички истраги.

Како резултат на оваа активност биле извршени над сто апсења, поврзани со терористичка дејност, се заклучува во извештајот.

Петмината членови на комисијата беа назначени од американскиот претседател Барак Обама по минатогодишните откритија на поранешниот систем администратор во НСА Едвард Сноуден за шпионските програми на агенцијата, кои предизвикаа силни бранувања низ светот, забележуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Ана Ололовска

Трамп го номинираше генерал Пол Накасоне за директор на НСА

Ана Ололовска

„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Наум Локоски

Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Ана Ололовска