НСА шпионира голем број компјутери низ светот?

Од:

Руската компанија „Касперски лаб“ тврди дека американската Агенција за национална безбедност НСА, сокрила шпионски софтвер во внатрешноста на хард дисоковите на најголемите светски производители на компјутерска опрема, што и овозможило прислушкување и следење на голем број компјутери во светот.

Оваа фирма која се занимава со лоцирање и уништување на компјутерски вируси открила компјутери заразени со најмалку еден шпионски програм во 30 држави, а најмногу во Иран, Русија, Пакистан, Авганистан и Кина.

-Мети на програмот главно биле владини и воени институции, телекомуникациски компании, банки, енергетски компании, медиуми, нуклеарни истражувачи и исламски активисти- велат од компанијата „Касперски лаб“.

Според истражувањето, агенцијата открила како малициозниот софтвер да го сокрие во хард диск и тоа зад кок код се активира секогаш, кога компјутерот ќе се вклучи.

-Творците на овој програм можат да контролираат илјадници компјутери, да крадат податоци и прислушкуваат, но тоа се работи селективно. Целосна контрола е воспоставена само над машините кои им припаѓаат на најпосакуваните странски мети- изјави Костин Раиј, директор на аналитичкиот тим на компанијата.

Инаку истражувањето покажало дека е загрозен целиот пазар за компјутери, бидејќи и опремата на најголемите производители е инфицирана.

Како што објави „Касперски лаб“ некои програми се ставени во хард дисковите уште во 2001 година, а акцијата станала помасовна од 2008 година, кога Барак Обама е изберен за претседател.

Поранешен работник на НСА за „Ројтерс“ рекол дека анализите на „Касперски лаб“ се точни и дека луѓето во таа агенција оваа шпионска програма ја вреднуваат како и „Стукснет“. Портпаролката на НСА, Вани Вајнс одбива да го коментира тврдењето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Ана Ололовска

Трамп го номинираше генерал Пол Накасоне за директор на НСА

Ана Ололовска

„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Наум Локоски

Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Ана Ололовска