Новозеландскиот терорист се жали на третманот во затвор – уби 50 лица, а сега има посебни барања

Од:

Две недели по масакрот во Крајстчерч, масовниот убиец се жали дека нема пристап до надворешниот свет.

По првото појавување во судницата на 16 март, Тарант бил префрлен во Паремормо во Оукланд, и од самиот почеток це жали за третманот кој го има во најстрогиот затвор.

Според изворот од институцијата, неговите права за посета од 30 минути и еден неделен телефонски повик беа укинати.

Новозеландските затворски служби тврдат дека затвореникот се третира во согласност со законот и со меѓународните обврски.

Во моментов нема пристап до телевизија, радио или весници, ниту пак има посети. Од оперативни безбедносни причини не можеме да откриеме повеќе информации – велат од службата.

Како што пренесуваат медиумите во Нов Зеланд, ќелијата во која е сместен терористот има предна и задна врата.

Влезната врата е за чувари, а задната води во неговиот двор, кој е со иста големина како и ќелијата. Во дворот обиколен со бетонски ѕидови Тарант може да помине еден час дневно.

Ќе се појави пред судот на 5-ти април, најверојатно преку видео-врска.

Тарант го одби адвокатот, наведувајќи дека сам ќе се брани на суд.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски