Силен земјотрес го погоди јужниот остров на Нов Зеланд

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти.

Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес.

Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да се држат настрана од плажите и морските области бидејќи силните струи може да претставуваат опасност, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 4.700 луѓе го почувствувале земјотресот, соопшти владината сеизмолошка агенција, додека новозеландските медиуми објавија дека паѓаат предмети и се нишале згради.

Националното биро за метеорологија на Австралија соопшти дека нема закана од цунами за копното, островите или териториите.

Нов Зеланд се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, појас на сеизмички раседи во Тихиот Океан каде земјотресите и вулканите се вообичаени, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес