Новоизбраниот конгресмен од Њујорк призна дека лажел за делови од својата биографијата

Од:

Џорџ Сантос, новоизбраниот републикански член на Конгресот на САД, призна дека за време на кампањата за место во Претставничкиот дом лажел за своето образование и работно искуство. Сантос сепак рече дека има намера да ги исполни ветувањата што ги дал за време на кампањата.

Џорџ Сантос кој во ноември беше избран за член на американскиот Конгрес, во интервјуто за „Њујорк Пост“ се извини затоа што лажел за делови од неговата биографија, признавајќи дека не го завршил факултетот.

„Моите гревови ја разубавуваат мојата биографија. Жал ми е“, изјави новоизбраниот конгресмен кој во наредните две години ќе ја претставува државата Њујорк во Претставничкиот дом.

Инаку, Сантос претходно тврдеше дека дипломирал на њујоршкиот колеџ „Барух“ во 2010 година.

Тој исто така во кампањата рече дека работел за компаниите „Голдман Сакс“ и „Ситигруп“, за во весникот да признае дека „никогаш директно“ не работел со нив, правдајќи се дека лошо се изразил, односно дека бил потпретседател на компанијата „Линк Бриџ“ што соработувала со тие две компании.

„Во кампањата зборував за работи кои ги загрижуваат луѓето, а не за мојата биографија… Имам намера да ги исполнам ветувањата што ги дадов во кампањата“, рече Сантос.

Весникот „Њујорк Тајмс“ минатата недела ја доведе во прашање биографијата на Џорџ Сантос, на што неговиот адвокат одговори дека се работи за клевета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

ВИДЕО: Еден мртов и петмина ранети во метро во Њујорк, се истепаа тинејџери

Во Њујорк: Десет вагони на товарен воз излетаа од шините

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он

Паника во Њујорк: Одекнаа повеќе експлозии