Поранешниот претседател на Перу, Алехандро Толедо доби нови обвиненија од перуанското обвинителство поради наводно земање мито од бразилска градежна компанија на која ѝ одобрил договор за изградба на автопат.
Тој е обвинет дека зел 3,9 милиони долари за одобрување на зделката. Ова претставува второ обвинение за Толедо, кој се сомничи дека зел мито од 20 милиони евра од бразилската градежна компанија Одебрехт.
Толедо беше претседател на Пру од 2001 до 2006 година. После тоа се пресели во САД каде што е активен во политичките организации кои работат на јужноамериканските прашања.
Перу побара негова екстрадиција од САД.