Ново барање за екстрадиција во САД на режисерот Роман Полански

Од:

Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро изјави денеска дека ќе биде поднесена жалба на одлуката на полски суд, со која се забранува екстрадиција на режисерот Роман Полански во САД каде е обвинет за силување на малолетничка.

Зиотро, кој во истовреме е и државен обвинител на Полска, рече дека жалбата против одлуката на првостепениот суд ќе биде испратена до Врховниот суд.

Во октомври 2015 година, полскиот суд го отфрли американското барање, со образложение дека тоа е „недопустливо“.

Полански е роден во Полска, во еврејско семејство, но сега живее во Франција, каде има добиено и француско државјанство.

Во 1978 побегна од САД, каде беше пуштен од затвор со кауција, откако претходно беше потврдено дека имал секс со 13 годишно девојче.

Силуваната Саманта Гејмар, сега средновечна жена, во интереју за лондонски Би-Би-Си во 2013 година зборуваше за кривичното дело и за нејзината битка за задоволување на правдата.

Роман Полански е полски и француски државјанин, а Франција не дозволува екстрадиција на своите државјани, но случајот се актуелизира откако познатиот режисер извесно време престојуваше во Полска работејќи на еден нов филмски проект.

Во 2010 година, тој беше притворен од швајцарските власти и десет месеци помина во домашен притвор, врз основа на потерницата на американското Министерство за правда. Барањето на САД, на крајот, беше отфрлено по силниот притисок на Франција.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски