На секои десет години, просечниот коефициент на интелегенција расте за три бода, а психологот James Flynn десетина години го документира овој тренд кој е наречен „Флинов ефект“, пишува io9.
Психологот зборува дека луѓето често ја споредуваат нечија памет со интелегенцијата. Имено, интелегенцијата ги мери научените способности, а не природните. Со развој на квалитетот на едукација на децата во училиштата се менува многу од тоа, па и децата со текот на времето остваруваат подобри резултати на стандардизираните тестови, меѓу другото и на тестовите за IQ.
Нови истражувања
Ставот на овој психолог е во спротивност со останатите теории според кои IQ тестовите ги мерат природните умствени способности на кои наводно образованието, културата и околината во која поединецот живее не влијаат. Сепак новите истражувања ги поткрепија наодите и теоријата на Flynn.
Истражувањето на Ainsley Mitchum ја поткопува теоријата дека културолошките и едукациските елементи не можат да влијаат на нечие апстрактно размислување. Истражувањето покажало дека и на апстрактното размислување е применлив ефектот на Flynn.
Таа тврди дека подобрите резултати на IQ тестовите не говорат дека стануваме поинтелегентни туку дека луѓето денес повеќе учат апстрактно да размислуваат.
Акцентот на апстрактното размислување е видлив во училиштата, во технологијата, па дури и во телевизиските содржини. Многу луѓе кои пред 50 години уживаа во slapstick комедиите, веројатно не би го регистрирале хуморот кој постои во денешните популарни серии.
Влијание на околината
„Значи, ако коефициентот на интелегенција е резултат на влијанието на околината, што зборува тоа истото за самата интеленција? Зарем не се некои луѓе родени со поголеми умствени способности од другите? Веројатно не се“, вели професорката Mitchum.
Според неа,луѓето имаат повеќе-помалку слични способности.
„Од тука, IQ тестовите всушност ни покажуваат за влијанието на околината и искуството, но никако не значи дека таквите тестови не се потребни бидејќи помагаат да се следи начинот на размислување што се пренесува од генерација на генерација“, вели таа.