Иранскиот претседател Хасан Рохани западните санкции ги нарече „инвазија“, откако Вашингтон санкционира 25 фирми, банки и физички лица, соопштија американските медиуми.
Рохани денеска изјави дека „санкциите се инвазија врз иранската нација. Треба да се спротивставиме на ова анвазија и агресорите да ги ставиме на местото што им припаѓа“.
Неговите коментари директно беа пренесувани на државната телевизија.
САД вчера воведоа санкции врз повеќе од 25 фирми, банки и физички лица, за кои има сомненија дека работат за проширувањето на иранската нуклеарна програма, го поддржуваат тероризмот и му помагаат на Иран да ги избегне американските и меѓународните санкции.