Велика Британија денеска има рекордни 57 700 новозаразени со коронавирусот, а најголемиот дел му се припишуваат на исклучително заразниот нов вид на вирусот кој особено е раширен во Лондон.
Здравствените власти потврдија 445 починати во последните 24 часа со што вкупната бројка на пациенти кои ја загубија битката со Ковид-19 во државата е 82 600.
Болниците во Лондон го достигнуваа лимитот на исполнетост. Пациентите лежат по ходниците или со часови чекаат слободен креват тврдат британските медиуми.