Новинарот на „Ал Џазира“, Махмуд Хусеин, пуштен на слобода по 1.506 дена минати во египетски затвор без формално обвинение

Од:

Египетскиот новинар и дописник на катарската медиумската мрежа „Ал Џазира“, Махмуд Хусеин, денеска е ослободен од египетски затвор каде мина повеќе од четири години, откако власти на 23 декември 2016 година незаконски го притворија.

Мустафа Суаг, извршен директор на медиумската мрежа „Ал Џезира“, неговото ослободување го нарече „момент на вистината и инспиративна пресвртница кон слободата на медиумите“.

-Новинарот на „Ал Џезира“, Махмуд Хусеин, денеска беше ослободен откако во египетски затвор мина повеќе од 1.500 дена без официјални обвиненија или судења. Медиумската мрежа „Ал Џезира“ ги поздравува вестите за слободата на Махмуд и смета дека ниту еден новинар не смее да биде изложен на страдањата што тој ги претрпе во изминатите четири години само затоа што ја извршуваше својата работа. Денеска сме среќни затоа што тој конечно се врати кај своето семејство, откако му беа украдени четири години од животот и му беа одземени основните права, рече Суаг.

Додека беше затворен, Махмуд стана симбол на слободата на медиумите ширум светот. На денот на неговото ослободување „Ал Џезира“ повика на ослободување на сите новинари кои се неправедно затворени низ целиот свет.

„Ние би сакале да им оддадеме почит на сите меѓународни организации за човекови права, медиумски институции, новинари за нивната постојана поддршка и осуда на произволното затворање на Махмуд Хусеин. На овој ден медиумската мрежа „Ал Џезира“ изразува благодарност до организациите и до сите гласови на вистината кои повикуваат на слободата на Махмуд и слободата на медиумите. Новинарството не е кривично дело“.

Хусеин беше обвинет за „поттикнување отпор против државните институции и емитување лажни вести со цел ширење хаос“, обвинувања што тој и „Ал Џезира“ ги негираа.

Против него формално не беше поднесено обвинение, ниту имаше судење.

Според египетските закони, нелегално е поединец да се држи во затвор без обвинение повеќе од две години.

По две години затвор, Хусеин беше ослободен, но потоа повторно беше уапсен по дополнително измислено обвинение.

Хусеин до денеска во затвор мина 1.506 дена.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски