Новинарите во Индонезија побараа претседателот да не се меша во слободата на медиумите

Од:

Асоцијацијата на новинари на Индонезија денеска издаде соопштение во кое побара претседателот Јоко Видодо да не се меша во слободата на медиумите, бидејќи тоа што го најавува може да значи враќање на Индонезија во вемето на диктаторот Сухарто.

Непосреден мотив за острата реакција на новинарската Асоцијација е дел од вчерашниот говор на претседателот Видодо на свечената седница на парламентот, во кој рече дека сега луѓето се чувствуваат безгранично слободни да се однесуваат и да го искажуваат своето мислење. Таквото чувство, според Видодо ќе стане помалку продуктивно ако медиумите во трка по тираж и рејтинг бараат негативности, а не ги афирмираат доблестите и продуктивната работна култура.

Ваквата изјава на претсдеталетот Видодо не ќе беше повод новинарите да ја упатат првата јавна опомена до шефот на државата, ако не беа уште два обида на Владата да се вмеша во слободата на изразувањето. Еден од нив е предложениот амандман за дополнување на кривичниот закон, според кој јавната навреда на претседателот и членовите на Владата ќе се смета за кривично дело. Во сличен тон е и одбивањето на Министерството за информатичка технологија да ги прифати измените на законот според кои ќе се отстранат можностите за цензура, односно забрана за работа на интернет медиуми чии содржини ќе добијат негативна оценка од властите.

Во соопштението на индонезиската Асоцијација на новинари се препорачува Видодо и неговиот тим да продолжат да ги почиуваат слободата на изразувањето остварена по неколкудецениската апсолутна контрола од страна на „новиот поредок’’ што го воведе поранешниот претседател Сухарто.

Новинарите посочија дека медиумите и власта не треба и не мора да имаат исто мислење, но ако власта смета дека некој текст не е коректен, може да побара исправка. Ако и тогаш не се усогласат ставовите, Владата не треба да бара решение по судски пат или од полицијата, туку арбитража во Советот за медиуми.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници