Нови три жртви во немирите во Каиро

Од:

Три лица беа убиени денеска во судири меѓу демонстранти и сили за безбедност во центарот на египетскиот главен град.

Двајца млади лица биле застрелани на плоштадот Тахрир, а тело на трета жртва е пронајдено на улица во близина на плоштадот.

Немирите на плоштадот почнаа утрото заради што беше засило обезбедувањето на два големи хотела во близината. Синоќа непознати лица се обиделе да упаднат во Семирамис, еден од најстарите хотели во Каиро. Тие биле спречени од демонстрантите. Во ноќта во хотелот бил фрлен Молотов коктел по што избувнал пожар кој бил изгаснат од вработени во хотелот. Во врска со нападот врз хотелот уапсени се околу 200 луѓе.

Бројот на жртвите во изминатите седум дена во немирите во Каиро е над 50.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски