Нови тензии во Дижон меѓу припадници на чеченската заедница и дилери на дрога

Од:

Во францускиот град Дижон веќе четири дена по ред има тензии, предизвикани од судирите меѓу чеченската заедница и жителите на предградието Грезиј, при што дојде и до судири со полицијата, јави дописникот на МИА.

Според полициски извори, се започна на 10 јуни кога едно 16-годишно чеченско момче било нападнато најверојатно од лица со потекло од арапската заедница и за кои се сомнева дека се дилери со дрога. Како одговор на овој напад, стотина Чеченци, дојдени од цела Франција и соседна Белгија, на повик на социјалните мрежи се собраа во центарот на Дижон, а потоа и во Грезиј. Нивната акција, која тие ја нарекуваат „самоодбрана“ повеќе наликуваше на пресметка, со цел да се одмздат за нападот во кој жртва бил нивен сонародник, предизвикан од чеченската заедница. Во текот на вчерашниот ден и ноќта имаше нови судири.

Потоа следуваше одговорот на десетина лица вооружени со огнено оружје и метални шипки, кои, исто така, се насобраа во квартот Грезиј, во Дижон, кои сакаа да го бранат нивното предградие по трите казнени експедиции предводени од припадниците на чеченската заедница. На моменти градот наликуваше на театар на урбаната герила, со лица кои патролираат маскирани со качулки и вооружени, стрелајќи во воздух, уништувајќи ги камерите од видео надзорот, палејќи корпи за ѓубре и автомобили.

Синоќа околу 60 мобилни жандарми, педесетина специјалци на полицијата со засилување од антикриминалната полиција и специјалните сили за интервенција спроведоа акција за да му стават крај на насилството, што добива етнички карактер.

Според префектурата, вчерашните насилства не биле предизвикани од чеченската заедница, за разлика од претходните три дена, туку дека тоа тоа било дело на лица кои живеат во Дижон.

Чеченската заедница тврди дека станува збор за „самоодбранбени акции“ , но властите сметаат дека станува збор за „војна за контрола на територии“ од страна на дилерите.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер го осуди ова „неприфатливо“ насилство, додека државниот секретар за внатрешни работи Лоран Нуњез се очекува да го посети Дижон во текот на денот.

Претходно слични инциденти имаше во Ница, Троја и Руан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили