Нови судирања меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Бурунди

Од:

Нови судирања меѓу полицијата и антивладините демонстранти се регистрирани и денеска во Бурунди, во кои има повредени и уапсени лица, но засега нема информации за тоа дали има нови жртви.

Протестите почнаа вчера,откако актуелниот претседател Пјер Нкурунзиза објави дека ќе се кандидира за трет мандат, на јунските претседателски избори,иако тоа не го дозволуваат Уставот и законите на земјата. Тој соопшти дека такво решение донела владеачката партија во земјата,која десет години е на власт.

Опозицијата и сите политички противници на Нкурунзизи изјавија дека претседателот нема право на трет мандат и дека тоа значи прекршување на Уставот, а илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град, Буџумбура барајќи „вистинска демократија“.

Реагираа силите за безбедност и полицијата кои употребија солзавец,водени топови,но и огнено оружје за да спречат демонстрантите да дојдат до центарот на градот. Демонстрантите вчера и денеска палат автомобилски гуми и создаваат барикади на улиците,фрлајќи камења и тули по полицијата.

Во досегашните судирања се јавива за најмалку три жртви од редовите на демонстрантите и за десетици полесно и потешко повредени.

Десетици учесници во протестите се уапсени,а во притвор се ставени и голем број познати активисти за човекови права.

Полицијата им забрани на приватните радио станици во земјата да вршат пренос од протестите и да известуваат за судирањата меѓу полицијата и демонстрантите. Најпопуларната приватна радио станица „Глас на безгласните“ со наредба на властите е затворена.

Опозицијата се закани со раскинување на мировниот договор од 2005 годин во Бурундиа, со кој беше завршена 12 годишната граѓанска војна, во која беа убиени повеќе од 300 илјада луѓе.

Претседателот Пјер Нкурунзиза побара смирување на ситуацијата и ги повика гласачите да излезат на изборите,но се закани со „жесток одговор“ на владеачката партија,за која вели дека е избрана од народот да управува со земјата, за сите оние кои ќе создаваат проблеми во оваа африканска земја.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ