Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Од:

Дури десет ракометари од Бурунди исчезнаа во Хрватска пред седум дена, а се уште нема апсолутно никакви информации за нив.

Сè да биде сосема чудно – хрватските медиуми веќе не се занимаваат со оваа тема, па за нив нема вести, освен дека исчезнале. Речиси е неверојатно дека останува само да ги нема…Целиот случај го привлече вниманието и на бројни светски медиуми, па Гардијан во денешниот текст ја пренесува приказната и пишува дека по исчезнатите сè уште се трага.

Медиумите пишуваат дека ракометарите можеби внимателно испланирале се за да побараат азил во некоја од европските земји.

Реагираше и Бурунди и побара помош од надлежните органи:

– Во шок сме. И федерацијата и родителите на овие млади играчи ги замолуваат сите што се во можност да ни помогнат – изјави претседателот на Ракометниот сојуз на Бурунди, Дофин Никобамје.

Навистина е големо прашање што и по седум дена не е пронајдена трага од исчезнатите спортисти.

Би можело да ве интересира

МВР трага по две лица

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Полицијата ги пронајдоа двете девојчиња од Струшко што беа пријавени дека се оддалечиле од дом

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Пронајдена е жена од Калифорнија која исчезна во 2015 година, таа сама дошла во полиција

Горан Наумовски

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ