Во Њујорк денеска ќе биде одржан Самит за одржив развој на кој како што се очекува, ќе бидат усвоени 17 нови развојни цели до 2030 година кои ќе заменат осум Милениумски развојни цели усвоени на Самитот во 2000 година.
Новите цели вклучуваат искоренување на сиромаштијата во сите облици и секаде, искоренување на гладта, безбедност на храната, подобрување на исхраната и промовирање одрживо земјоделие, здрав живот и добробит во секое старосно доба.
Меѓу целите на ОН ќе бидат и инклузивен и изедначен квалитет на образование и можности за учење за време на целиот живот за сите како и рамноправност на половите. ОН сметаат дека до 2030 година треба да се обезбеди достапност и одрживо управување со водите, модерна енергија за сите, да се унапреди одржив и инклузивен економски раст, целосна вработеност и пристојна работа за сите како и да се изгради цврста инфраструктура, и да се поттикнат иновации.
Меѓу новите цели се и намалување на нееднаквоста во и меѓу државите, да градовите и населбите станат инклузивни, безбедни и одрживи.