Нови протести во Полска околу уставната криза

Од:

Мноштво луѓе денеска се собраа пред зградата на полскиот Уставен суд да го изразат својот протест против владината реформа што ја парализира работата на оваа судска институција, пренесоа американските медиуми.

Протестот во Варшава е организиран од опозициската партија „Новочесна“ (Модерна), за да се покаже поддршката за Уставниот суд и да се поттикне владеачката партија “Право и правда” да ги повлече законските измени.

Протести, исто така, имаше и во градовите Вроцлав и Позњан.

Владата соопшти дека и натаму одбива да ја спроведува (обнародува) одлуката на Уставниот суд против нејзините закони. Одбивањето на Владата да ја спроведе одлуката на судот не дозволува таа да стане правосилна. Овој владин потег ја продлабочува уставната криза во Полска, а денешното соопштение на Владата покажува дека нема изгледи за надминување на ова спорно прашање.

Венецијанската комисија на Советот на Европа вчера соопшти дека демократијата во Полска е под закана од актвиностите кои го парализираа Уставниот суд. Според неа, одбивањето за спроведување на одлуката на судот е „во спротивност со владеењето на законот“ и може „уште повеќе да ја продлабочи уставната криза“.

Владата соопшти дека мислењето на Венецијанската комисија ќе биде испратено во Парламентот за сите политички партиии да можат да побараат решение.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад