Нови протести во Ерменија против законот за оданочување

Од:

Стотици сопственици на мали и средни претпријатија протестираа во ерменскиот град Ереван, против новиот закон за оданочување. Демонстрантите се собраа пред седиштето на владата, барајќи средба со премиерот Ховик Абрахамјан, јави радио Слободна Европа.

Производителите велат дека новиот закон кој треба да стапи во сила на 1 февруари ќе предизвика зголемување на цените и намалување на нивниот профит.

Тие се противат на одредбата на законот сите мали и средни претпријатија кои остваруваат годишен профит над 122 илјади долари, да пополнуваат формулари во кои ќе биде прикажана продадената количина.

Откако Абрахамјан не се сретна со нив, тие маршираа кон претседателската палата, но полицијата не им дозволи да се приближат до зградата. Демонстрантите рекоа дека нема да ги плаќаат даноците и дека ќе започнат масовно да протестираат доколку не бидат исполнети нивните барања.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска