Нови протести во Бангладеш

Од:

Неколку лица се повредени, а најмалку 100 се уапсени на новиот протест на исламистите во главниот град на Бангладеш, Дака, кои бараат судот за злосторства направени за време на војната за независност од Пакистан во 1971 година, да прекине со работа.

Болнички извори соопштија дека десетина луѓе се повредени од гумени куршуми на протестот што се одвиваше во главната комерцијална четврт, каде се наоаѓа берзата, водечките банки и осигурителните куќи.

Демонстрантите запалија еден автобус и нападнаа неколку возила, а полицијата употреби гумени куршуми. На централните улици на Дака распоредени се полициски оклопни возила.

Протестите денеска почнаа со собирање на приврзаниците на исламистичката опозициска партија Џамад-е-ислами, чии лидери се обвинети за воени злосторства. На вчерашните протести во судир со полицијата повредени се десетина лица, меѓу кои и еден уредник на дневен весник.

Од почетокот на протестите, минатиот месец загинаа седум луѓе.

МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска