Нови демонстрации во Порт Саид

Од:

Незадоволни навивачи запалија зграда на фудбалската федерација и полициски клуб, а околу 2.000 демонстранти блокираат минување траекти на Суецкиот канал откако денеска египетски суд потврди смртни пресуди за 21 човек заради учество во немири лани на фудбалски натпревар кога животот го загубија 74 луѓе во Порт Саид.

Густ чад го прекрил тој дел од градот, јавуваат локални медиуми.

Според очевидци, демонстрантите донеле глисери за да спречат минување бродови низ Суецкиот канал, а околу 2.000 демонстранти во знак на протест го блокираа минувањето на траекти низ каналот.

Египетски суд денеска потврди смртна пресуда за 21 човек заради улога во немири минатата година на фудбалски натпревар кога загинаа 74 луѓе во градо Порт Саид. Поранешниот началник на безбедносната гарда и деветмина други добија по 15 години затворска казна, петмина доживотна, а затворска казна изречена е и за девет други обвинети.

Насилства во Порт Саид имаше повторно на 28 јануари по изрекувањето смртни пресуди. Меѓу обвинетите беа и деветмина египетски полицајци, иако на смрт се осудени воглавно навивачи на фудбалскиот клуб Порт Саид ал Масри.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски