Новата година ја дочекаа во Дака, Алмати, Бишкек, Тимбу, Астана, Хонг Конг…

Од:

Дака, Алмати, Бишкек, Тимбу и Астана ја дочекаа новата 2023 година.

Пацифичките земји Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата година, во 11 часот по средноевропско време.

Пред жителите на Бангладеш, Казахстан, Киргистан и Бутан, новата 2023 година беше пречекана во Бангкок, Ханој, Куала Лумпур, Манила, Шангај, Сингапур, Пекинг, Хонг Конг, Нов Зеланд, како и во Јапонија, Јужна и Северна Кореја.

Хонг Конг ја дочека Новата година со прекрасен огномет над пристаништето Викторија, пишува Гардијан.

Половина минута пред полноќ, фасадата на конгресниот и изложбен центар во Хонг Конг се „преобрази“ во голем часовник кој ги одбројува секундите.

Во градот Кезон на Филипините, полноќ беше пречекана со огромни улични прослави.

Иако до Нова година има уште неколку часа, луѓето почнаа да се собираат на брегот на Темза спроти Лондонското око.

Би можело да ве интересира

Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илјадници огномети во Сиднеј, спектакуларно добредојде за 2023 година

Горан Наумовски

Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата 2023 година

Горан Наумовски

По пауза од две години, новогодишната ноќ во Грција без никакви ограничувања

Празничното украсување во Солун ќе се исклучува во 1 часот по полноќ за заштеда на енергија

А1он

Првото бебе во 2022 година е машко

А1он