Новата данска Влада го заострува имиграцискиот закон

Од:

Новата десноцентристичка малцинска Влада го постигна првиот договор со политичките сојузници, вклучително и со антиимигрантската Данска народна партија. Целта е ограничување на бројот на кандидати за азил преку намалување на социјалната помош.

Министерката за имиграција Ингер Стојберг изјави дека Владата, која стапи на должност во неделата, има многу јасна цел да го намали бројот на барателите на азил во Данска, пренесува БТА.

Минатата година 15.000 луѓе побарале азил во Данска, двојно повеќе во споредба со 2013 година.

Стојберг посочи дека Владата сака месечната помош за неомажените и неоженетите лица да е околу 6.000 круни (900 долари) наместо досегашните 10.850 круни (1,625 долари). Брачна двојка над 30 години, која нема деца да добива 16.640 круни (2.500 долари) наместо досегашните 28.800 круни (4.315 долари).

За владиниот предлог треба да се изјасни Парламентот и ако биде изгласан, новата мерка ќе стапи во сила на 1 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген