„Новартис“ суспендира дел од деловните активности во Русија

Од:

Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ денеска објави дека ги суспендира капиталните инвестиции, медиумското рекламирање и другите промотивни активности во Русија, но има намера да продолжи да гарантира достапност на лекови за пациентите.

– „Новартис“ ја осудува војната во Украина. Овој неиспровоциран чин на насилство ги загрозува животите на невините луѓе и е спротивен со нашата мисија да го подобриме здравјето на луѓето во светот, се наведува во соопштението на швајцарскиот гигант во фармацевтската индустрија.

Тие нагласуваат дека се грижат за почитување на меѓународните санкции против Русија, па воведоа мерки кои вклучуваат суспензија на капиталните инвестиции, медиумско рекламирање и други промотивни активности во Русија. Исто така, ги суспендираа новите клинички испитувања и вклучување на нови учесници во испитувањата што веќе ги почнаа.

Компанијата продолжува да ја снабдува Русија со лекови, додавајќи дека продолжуваат да планираат да обезбедат пристап до лекови за пациентите во сите земји во кои работат.

Слични потези беа направени откако беа воведени санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина и други големи производители на лекови, вклучувајќи ги Мерк, Фајзер, Ели Лили, ГСК и Абви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов