Нова година пристигна на Нов Зеланд и на Фиџи

Од:

Новата година пристигна на Нов Зеланд и на Фиџи на пладне по средноевропско време, а потоа 2013 година ќе ја дочекаат другите острови во Тихи Океан.

Први Новата година ја дочекаа жителите на Божиќните Острови и на Република Кирибати, со околу 13 часа разлика во однос на средноевропското време, а островот Четам во близина на Нов Зеланд славеше 15 минути подоцна.

Во 13 часот, по средноевропско време во Новата година влегуваат Маршалските Острови и источните делови на Русија, а еден час подоцна Новата година ќе ја дочекаат Австралијанците.

Во сиднејското пристаниште Нова година ќе биде дочекана со огномет со звуци и бои што ги избра Кајли Миног, која е домаќин на забавата, која чини 6,6 милиони австралиски долари.

Со огномети ќе биде поздравена Новата година и над Темза во Лондон, на Црвениот плоштад и над Кремљ во Москва, како и во Центарот на Куала Лумпур, во Тајпеј, во Стокхолм, во Амстердам и во многу градови ширум Кина.

Во Хонг Конг новогодишниот огномет ќе чини 12,5 милиони хонгконшки долари. Традиционално најголемата прослава во Њујорк се организира на Тајмс сквер, додека во Рио де Жанеиро ќе има 16-минутен огномет над Копакабана, додека во Берлина огнометот ќе биде над Бранденбуршката порта.

Во Дубаи се планира раскошна свечаност во Бурџ Калифи, највисоката кула во светот, околу која ќе има огномет со музиката на филхармонијата од Прага.

Во Париз властите забранија употреба на пиротехнички средства, а граѓаните Новата година ќе ја дочекаат на Елисејските полиња и околу Ајфеловата кула.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар