Уште една експлозија одекна во близина на аеродромот во Кабул. Ова е третата, откако претходно имаше две експлозии, од кои една пред хотел каде престојуваат луѓе кои треба да бидат евакуирани од Авганистан, а друга кај аеродромот.
Некои светски медиуми јавија дека околу аеродромот во Кабул се слушаат истрели.
Во меѓувреме терористичката организација Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот весник Амак.
Во соопштението на Исламска Држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.