Нова дипломатска „војна“ меѓу Австралија и Индонезија

Од:

Австралија и Индонезија започнаа нова дипломатска „војна’’, овој пат околу прашањето на третманот на илегалните мигранти и трговијата со луѓе во кои, директно, се засегнати двете држави.

Индонезија во саботата ја обвини Австралија поради тоа што почнала со паричен надомест да ги мотивира посадите на бродовите што носат мигранти кон нејзиниот брег да ги „убеди’’ да се вратат во Индонезија. Официјална Џакарта испрати дипломатска нота во која овој потег го нарече неетички и предупреди дека кријумчарите на мигранти ќе бидат повеќе мотивирани да доаѓаат до австралиската територија со надеж дека и од тамошните власти ќе добијат поткуп за да ги вратат мигрантите.

Одговарајќи на обвинувањата од Џакарта, австралиската министерка Џули Бишоп денеска порача Индонезија повеќе да се грижи мигрантите да не доаѓаат на нејзина територија и да го запре бизнисот со транспорт на емигранти. Според Бишоп, бегалци од Ирак, Иран, Турција и Аганистан, како и оние од Мјанмар и Бангладеш, лесно стигнуваат на територијата на Индонезија од каде криумчарите организираат нивни транспорт кон Австралија. Шефицата на австралиската дипломатија додава дека нејзината влада доследно ќе ги спроведува мерките за спрчување на приливот на илегални мигранти.

Најновата вербална војна дојде само два месеци по заладувањето на односите меѓу двете држави што ги дели Индискиот Океан. Австралија остро протестираше против извршувањето на смртна казна на двајца нарко-дилери со австралиско државјанство, кои беа стрелани со група други кријумчари. Министерката Џули Бишоп тогаш се закани дека Индонезија директно ќе го почувствува незадоволството на Канбера, особено на економски план и во областа на туризмот.

Претходнота заладување, поради неприфаќањето на молбите за помилување на австралијанците нарко-дилери од страна на Индонезија, се случи во раната фаза на нормализацијата на односите меѓу двата соседа. Џакарта, минатата година, го повлече својот амбасадор од Австралија од како беше откриена аферата со прислушкување на огашниот претседател на Индонезија и министри од неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници