Нова, денес втора, дојава за поставена бомба во Москва

Од:

Уште една дојава за бомба во Москва. По болницата во која беа евакуирани повредените во терористичкиот напад, дојавата за експлозивната направа стигна и до трговскиот и забавниот центар Мозаик.

Според агенцијата РИА Новости, посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар лоциран во југоисточниот дел на Москва се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа.

Претставник на московската служба за итни случаи изјавил за агенцијата дека во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја, зграда 9, пристигнал анонимен повик со закана за бомба.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Само неколку часа пред тоа дојава за бомбата стигна и во болницата каде се лекуваат повредените во терористичкиот напад на концертната сала во Москва, кој се случи на 22 март. Како што се наведува на социјалните мрежи, од болницата се евакуирани 700 лица.

Би можело да ве интересира

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Москва: САД се главниот пандан на Русија

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина

Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид

(ВИДЕО) Основач на платенички баталјон кој убиваше Украинци е убиен во експлозија во Москва

Горан Наумовски