Нова афера на Римокатоличката црква во Австрија: Монахиња ја силувале свештеници

Од:

Римокатоличката црква во Австрија ја тресе нова афера поради силување на една монахиња од страна на свештеници.

Австријката Дорис Вагнер обелодени во јавноста, пишувајќи книга, дека осум години трпела злоставување во еден католички ред во Австрија, кому му пристапила кога имала 19 години.

Таа изнесе сериозни обвиненија против Римокатоличката црква, тврдејќи дека осум години ја силувал еден свештеник, поради што дури и се обидела да изврши самоубиство.

Пред три години таа го напуштила католичкиот ред и почнала нов живот, а денеска живее во брак и издаде книга во која ја опиша тортурата што ја претрела во манастирот, како и сите злоставувња и силувања.

Вагнер тврди дека не е единствена која поминала низ оваа тортура, изолација, уценувања и сексуално злоставување.

Во своето дело Вагнер не пишува за кој манастир станува збор, но е познато дека таа пристапила кон редот „Дело“ (Das Werk).

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски