Нов судски процес против Берлускони

Од:

Пред Суд во Неапол денеска се одржа судски процес против поранешниот италијански премиер Силвио Белускони под обвинение за подмитување на сенатор.

Станува збор за случај по парламентарните избори во 2006 година, на кои левата коалиција на Романо Проди освои само неколку гласа повеќе од блокот на Берлускони и обезбеди мнозинство во Сенатот. Меѓутоа, неколку месеци по изборите, еден од сенаторите на левицата премина во коалицијата на Берлускони, што доведе до пад на Владата на Проди.

Обвинителството го товари Берлускони дека му дал три милиони евра на сенаторот „бегалец“, со цел да премине во неговиот блок. Обвинението се темели на изјави на сенаторот кој тврди дека добил три милион евра од Берлускови од кои два милиони во готово.

Продолжението на овој судски процес против Берлускони е закажано за 29 септември.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага