Нов претрес во седиштето на Националниот фронт поврзан со асистентите во Европарламентот

Од:

Француската полиција денеска спроведе претрес во седиштето на екстремнодесничарскиот Национален фронт (ФН) во Нантер (Горна Сена), во рамки на истрагата со случајот на парламентарните соработници на партијата во Европскиот парламент, за кои постои сомневање дека примале плата од фондовите на Европската унија, а работаеле за потребите на партијата, јави дописникот на МИА од Париз.

Според француските медиуми, претресите почнале во осум часот и 30 минути и само на потпретседателот на ФН), Флориан Филипо, му беше дозволено да влезе во седиштето на партијата.

Прелиминарната истрага беше отворена од страна на Обвинитеслтвото во Париз на 30 март март 2015 година на барање на Европскиот парламент. Истрагата се однесува за платите на 20 асистенти од редовите на ФН, кои работеле и на други задачи а не само на парламентарните обврски.

Европскиот парламент на 9 март минатата година најави дека се обратил до Агенцијата на ЕУ за борба против измамите ОЛАФ, истакнувајќи дека парламентарните асистенти „треба задолжително и директно да работат при вршењето на мандатот на членовите на парламентот“. Штетата за ЕП се проценува на 7,5 милиони евра.

Истрагата и беше доверена на Централната канцеларија за борба против корупцијата и финансиски и даночни прекршоци при Централната управа на правосудната полиција на Франција.

Вчера, предмет на претрес беше и вилата Монтрету основачот и почесен претседтаел на ФН, Жан-Мари Ле Пен, поточно неговата канцеларија и уредот не неговиот приватен секретар Жералд Герин. Поранешниот претседател на ФН ја осуди, како што рече „тоталитарната постапка“.

– Но, јас сум ја преживеал и Втората светска војна, и Алжир и Индокина, па го имам мирот на старите сили, изјави Жан-Мари Ле Пен, кој инаку е европратеник од редовите на ФН.
Вчера претреси беа извршени и во канцеларијата на сметководителот на ФН, Никола Кроше, кој веќе е под обвинение во една друга истрага за финансирањето на партијата. На почетокот на истрагата, Жералд Герин се појави и како асистент на Жан-Мари Ле Пен во организационата структура на партијата и како помошник на пратеникот во Европскиот парламент, Мари-Кристин Арнату.

Партијата ги отфрла сите обвинивања за нерегуларностите и тврди дека тие се неточни. Во интерен меморандум за персоналот на ФН се вели дека партиската организација „не го прејудицира статусот на лицата во неа“ или нивните политички активности.

– Некои од нив се вработени со цело работно време во партијата, другите се со скратено работно време, делејќи ги нивните професионални активности меѓу партијата и пратеничката група, но најмногу од нив се волонтери, се вели во мемороандумот.

Денес, ФБ ја осуди „политичка операција“ директно предводена, како што тврди од француксиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс, со цел „да ја попречат, да ја следат и да ја заплашат оваа патриотска опозиција“. Партијата особено е вознемирена поради фактот дека истрагата е водена од страна на Парискиот обвинител „по наредба на Министерството за правда“, а не од страна на судијата.

Постапката во Франција е во фаза на прелиминарна истрага. По прелиминарната истрага, обвинителот може да го отфрли случајот доколку смета дека не постојат доволно елементи или пак да го довери предметот на истражен судија, доколку смета дека понатамошна истрага е од суштинско значење или директно да го досатви до судот.

Во ноември минатата година, веќе беше претресен домот на Жан-Мари Ле Пен, како дел од истрагата за перење пари на даночните измами. По претресот, тој се жалеше на начинот на кој се однесувала полицијата за време на претресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили