Нов педофилски скандал во Католичката црква – во Полска пријавени 368 случаи на сексуална злоупотреба на деца од свештеници

Од:

Полската католичка црква во својот последен извештај за случаите на сексуално злоставување малолетни лица наведе дека во периодот од 2018 до 2020 година 292 припадници на свештенството веројатно злоставувале повеќе од 368 момчиња и девојчиња.

Извештајот, објавен денеска, доаѓа во момент кога Ватикан ги истражува извештаите за сексуално насилство и недостиг на одговор од црковните водачи во Полска, претежно католичка земја каде што свештенството е високо ценето.

Ватикан неодамна казни неколку полски бискупи и надбискупи за небрежност и им забрани да вршат црковни служби.

На виртуелна прес-конференција, поглаварот на полската римокатоличка црква, архиепископот Војчех Полак повторно им се извини на жртвите и побара од нив прошка.

Во првиот извештај на Полската римокатоличка црква, што се однесуваше на периодот од 1990 до 2018 година, беа наведени случаи во кои се вклучени 382 членови на свештенството, кои веројатно извршиле сексуално насилство врз 625 малолетни лица. Имињата на 42 духовници се појавуваат и во новиот извештај составен од црквата.

Би можело да ве интересира

Во Илиноис, околу 450 свештеници злоставувале повеќе од 1900 деца

Ана Ололовска

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска

Речиси 200 свештеници од католичката бискупија во Минстер осомничени за злоставување деца

А1он

Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква

А1он

Бискупот од Келн понуди оставка поради скандалите со сексуална злоупотреба

Ана Ололовска