Нов напад врз американските сили во Ирак, база нападната со дрон

Од:

Базата на американските сили во Ирак вчера повторно била нападната со дрон, соопштија безбедносни извори во Ирак, а Пентагон соопшти дека не може да го потврди тоа. Ова е петти напад врз американски и странски сили во Ирак во последните четири дена, бидејќи вооружените групи блиски до Иран ги загрозуваат американските интереси поради поддршката на Вашингтон за Израел, на чија територија исламистичкото движење Хамас изврши напад од невидени размери на 7 октомври.

Во нападот нема жртви, а групата наречена „Исламски отпор во Ирак“ ја презеде одговорноста за него преку каналите на Телеграм, блиски до шиитските милиции лојални на Иран.

-Дронот падна во базата на Аин ал Асад, на запад од Ирак, каде што се стационирани американските и меѓународните сили, изјави за АФП извор од ирачката армија, кој сакаше да остане анонимен.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски