Нов чекор напред кон гласањето за независност на Шкотска

Од:

Шкотска ќе направи денеска голем чекор напред на патот кон референдум за независност.

Во Единбург ќе се сретнат првиот министер на Шкотска, Алек Салмонд и британскиот премиер Дејвид Камерон за да финализираат договор за референдум кој може да значи и крај на речиси три века унија меѓу Англија и Шкотска.

Амбициите на Шкотска за суверенитет окуражуваат и сепаратистички тенденции во други региони во Европа, како Каталонија во Шпанија и Фландрија во Белгија.

Договорот за референдум кој се очекува денеска да биде потпишан, ќе овозможи Шкотска да објави референдум во 2014 година на кој Шкотите треба да одлучат дали да ја напуштат унијата со Англија или да останат во Обединетото кралство.

Националистите имаат намера датумот на референдумот да се совпадне со 700-годишнината од битката кај Банакбарн каде шкотската армија предводена од Роберт Брус ги разби англиските освојувачи. Камерон е против отцепување на Шкотска, но е согласен дека Шкотите имаат право сами да решваат за иднината.

– Договорот ќе и дозволи на Шкотска да направи важен чекор кон своја независност, а тоа значи да биде создадена една поправедна држава, изјави вчера Салмонд на прес конференција.

Шкотска која има население од околу пет милиони луѓе во моментот функционира како независна држава, има национално знаме, независен од Лондон правен систем. Британската Влада секоја година на Шкотска и депонира по 30 милијарди фунти.

Според резултати од анкети, 30-40 отсто Шкоти поддржуваат независност. Многумина се прашуваат што ќе се случи со долгот на Шкотска и дали државата втоматски ќе стане и членка на ЕУ ако добие независност. Шкотска и Англија ги управува еден монарх од 1606 година и еден парламент од 1707 година. По референдум, од 1999 година во Шкотска има самостоен парламент.

Едно од најспорните прашања е сопственост врз резерви природен гас и близу 20 милијарди барели нафта во Северното Море. Лондон стравува за иднината на нуклеарната флота чии бази се во Шкотска. Шкотските националисти веќе објавија дека по независноста, на шкотска територија нема да има нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски