„Њујорк тајмс“: Крајот на Јужен тек е пораз на Путин, а победа на САД и ЕУ

Од:

Поради „дипломатски пораз“, рускиот претседател Владимир Путин го пренасочува гасоводот кон Турција, а од друга страна не успехот за изградба на Јужниот тек го претставува како загуба за Европа, обвинувајќи го Брисел за непопустливост, оценува „Њујорк тајмс“.

Во текстот објавен на насловната страница, пишува дека грандиозниот проект е изгубен како жртва на затруените односи помеѓу Русија и Запад.

Одлуката за прекин на изградба на проектот Јужен тек исто така е ретка победа за ЕУ и САД, кои оваа година главно беспомошно ја набљудуваа анексијата на Крим и јакнењето на сепаратистите на исток на Украина, наведува весникот.

Меѓудругото стои дека доколку постои победник во овој случај тоа е Турција, која покрај Кина и други држави во развој на кои им недостигаат енергетски ресурси, го експлоатирала јазот помеѓу Исток и Запад за да обезбеди долгорочни резерви на енергија по поволни цени.

– Рускиот претседател управува по прашањата за енергија, како со најголем извор на моќ со кој располага на меѓународната арена. Со години тој и Запад се надмудруваа за правецот на гасоводот, во некој вид посредна голема игра за тоа кој ќе го контролира снабдувањето со енергенси во Европа, стои во текстот.

Аналитичарите оценуваат дека дури и 4,5 милијарди долари кои „Газпром“ ги вложил во Јужниот тек не се сосема изгубени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани

Шојгу: Русија нема да преговара со Киев додека не ги протера терористите од областа Курск

Се урна руски авион Ан-2, загинаа двајца членови на екипажот

Горан Наумовски

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Руските сили го нападнаа Киев, во главниот град одекнуваа експлозии, нови напади со беспилотни летала

Горан Наумовски