Њујорк стави уште четири сојузни држави на карантинската листа

Од:

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, денеска донесе одлука за уште четири американски сојузни држави да се стават на карантинската листа на Њујорк, за да се спречи ширењето на Ковид-19 во државата, која е силно погодена од епидемијата.

На карантинската листа на Њујорк додадени се Минесота, Њу Мексико, Охајо и Висконсин, па сега патниците од вкупно 22 американски сојузни држави мора да поминат 14 дена во карантин пред да влезат во Њујорк.

Куомо предупреди дека намалувањето на бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Њујорк лесно може да се претвори во пораст на новозаболени заразени од другите држави.

Засилена е контролата и надзорот на патниците кои доаѓаат во Њујорк на аеродромите, железничките и автобуските станици.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД