Њујорчани од денеска добиваат по сто долари ако се вакцинираат

Од:

Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие сто долари.

Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, кој ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината.

Поттикот вреден сто долари важи за сите граѓани и вработени кои сè уште не ја примиле првата доза, јави Си-Ен-Ен.

Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок, како што се билети за натпревари на фудбалскиот клуб Њујорк Сити, безбол-тимот Бруклин Сајклонс, пропусница за десет возења со траектот NYC Ferry и некои други поволности.

Поттикот доаѓа откако делта-варијантата на вирусот го зголеми бројот на заразени низ целата земја и ги принуди центрите за превенција и контрола на болести да издадат нови упатства за заштитни мерки.

До денес, Њујорк има дистрибуирано близу десет милиони дози вакцини, а повеќе од 4,9 милиони жители на американската метропола добиле најмалку една доза, информира Де Блазио.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Такер Карлсон: Бајден само што започна војна со најопасната земја на светот

Горан Наумовски

Небензја: Ладнокрвна, цинична одлука на САД