Нивото на штетни гасови како во времето на исчезнувањето на диносаурусите

Од:

Испуштање на јаглерод и други штетни гасови приближно е со ист интензитет како пред 66 милиони години, во времето на диносаурусите. Експертите предупредуваат на штетата од глобалното затоплување и потсетуваат дека и човекот е одговорен за се што ќе се случува.

Научниците во новото истражување истакнаа дека темпто на испуштање на јаглерод дури го засенува најголемиот познат природен бран во фосилните записи од пред 66 милиони години кои можеби покренало ослободување на заробените гасови под морското дно.

Праисторисккото ослободување на тие гасови со ефект на стаклена градина предизвика раст на температурата од пет степени Целзиусови, а поради создавањето киселини во океаните, морскиот живот бил сериозно загрозен.

Очигледна е паралелата со сегашните ризици од порастот на нивото на јаглерод во атмосферата од согорувањето на фосилните горива.

– Со оглед на моментално достапната евиденција, сегашните стапки на емисии на јаглерод предизвикани од човековите активности со без преседан во последните 66 милиони години, наведуваат научниците во списанието Nature Geoscience.

Диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години најверојатно по ударот на огромен астероид во Земјата, но главниот автор на истражувањето, Ричард Зиб од Универзитетот на Хаваите, истакна дека геолошките записи се нејасни и дека не е познато колку точно јаглерод e емитираn во таа катаклизма.

Моменталната емисија на јаглерод, главно од согорување на фосилните горива изнесува околу десет милиони тони годишно во однос на 1,1 милијарди годишно во периоот од повеќе од четири илјади години, пред 56 милиони години.

Истражувањето во рамки  на проектот на Обединетите нации прикажува дека просечната температура би можела да порасне и до 4,8 степени Целзиусови до крајот на векот, предизвикувајќи поплави, суши и силно невреме доколку емисиите почнат неконтролирано да растат.

–  Нашите резултати сугерираат дека идната киселост на океанот и можниот ефект на морските организми ќе бидат полошо отколkу во ерата на диносауруси, предупреди Зиб.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска