Нивото на кинеската река Јангце повторно расте, властите стравуваат од поплави

Од:

Кинеската река Јангце по новите поројни дождови почна повторно да надоаѓа, а кинеските власти стравуваат дека е можно да се повторат катастрофални поплави во кои неодамна загинаа, или се водат како исчезнати, повеќе од 140 лица.

Поради големата количина врнежи, големата брана „Три клисури“ во близина на градот Вухан во покраината Хубеи, повторно е под притисок, а приливот на вода во акумулационото езеро зад браната го достигна годинешниот рекорд.

Останатите реки во сливот на реката Јангце се прелеваат на неколку места, поради што се спроведуваат мерки за заштита од поплави во Хубеи.

Во руралните предели околу езерото Појанг земјоделските култури се уништени од поројните дождови, а во некои села нема вода и струја.

Поплавите во Кина овој месец уништија повеќе од 12.000 домови, оштетени се 380.600 хектари земјоделски култури, а повеќе од 20 милиони жители во 24 кинески покраини се оштетени на различен начин.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија