Нивото на безбедност во Белгија зголемено на „трет степен“

Од:

Националниот совет за безбедност на Белгија доцна синоќа го подигна нивото на безбедносната закана во земјаата на „трет степен“, врз основа на новата проценка на Координативното тело за анализа на закани (OCAM).

Тоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, значи поголемо присуство на безбедносните сили во земјата, со посебен фокус на клучни објекти, како што се зградите на Владата, Парламентот, Министерството за внатрешни работи, како и на институциите на Европската унија и на НАТО.

Новото ниво на тревога во Белгија, следи од како во периодот од февруари до март годинав во земјата беше прогласен „четврт степен“ на опасност, што сега значи дека заканата од терористички напад во земјата се смета за „можна и веројатна“.

Националниот совет за безбедност се состана во синоќа на иницијатива на премиерот Шарл Мишел, за да се земат предвид оценките на OCAM.

Портпаролот на премиерот Мишел, појасни дека биле донесени „општи мерки за безбедност“, што вклучува и зголемено обезбедување на претседателот на белгиската Влада, како и засилено присуство на безбедносните служби на целата територија, за што белгиските власти одбија да дадат повеќе детали.

По зголемувањето на нивото на безбедност, вчера беше откажан и пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Белгија и Шпанија, што требаше да се одржи на националниот стадион „Крал Бодуен” и на кој се очекуваше да присуствуваат околу 50.000 луѓе.

Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон ваквата одлука за зголемување на нивото за безбедност ја нарече „повеќе од оправдана“.

Белгија Совет за безбедност

– Синоќа имавме состанок на Советот за безбедност на Националната и таму OCAM , врз основа на нова анализа, презентираше дека ние треба да го зголемиме нивото на закана на „трет степен“ во целата земја. Јасно е дека кога ќе правите истрага за апсење на еден од осомничените за терористичкиот напад во Париз, тоа се оценува како опасно и има влијание врз нивото на закана. Но, јас мислам дека по што се случи во Париз пред неколку дена, сега сите мораме да бидеме одговорни. Иако не гледам директна закана и опасност, сепак безбедносните мерки ќе мора да се зголемат насекаде во земјата, посочи Јамбон.

Потрагата на белгиската полиција по Салех Абдеслам, осомничен дека учествувал во организирање и спроведување на нападите во Париз, продолжува и денеска во бриселската населба Моленбек-Сен Жан, откако во текот на вчерашниор ден специјалните единици на белгиското Министерство за внатрешни работи не го пронајдо во станбена зградата во посочената населба.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски