Нинисто и Марин со заедничка изјава го поддржаа членството на Финска во НАТО

Од:

Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, пренесуваат британските медиуми.

Оваа одлука, што треба да биде одобрена во парламентот, е донесена по рускиот напад на Украина.

„Финска мора без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО“, се наведува во заедничката изјава на финскиот претседател и премиерка.

Британските медиуми додаваат дека Финска дели 1.300 километри долга граница со Русија и има сложена историја на односи со Москва, а досега беше надвор од Северноатлантската Алијанса за да одржува пријателски односи со својот источен сосед.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија