Никола Страџен повеќе сака победа на лабуристите отколку на Тереза Меј

Од:

Шкотскиот прв министер и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, изјави во Единбург дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Британија, повеќе би сакала да победи Лабуристичката партија, отколку Тереза Меј, лидерот на конзервативците, одново да биде премиер.

Старџен објаснува дека во случај, на изборите од 8 јуни, да нема вистински победник и ниту една партија да не може сама да формира влада, СНП би понудила партијата да биде дел од коалицијата со лабуристите.

– Ние во СНП, би биле среќни кога би се формирала една прогресивна алијанса во Вестминстер (британскиот Парламент), гледајќи ја со задоволство Тереза Меј, надвор од Даунинг стрит 10- вели Старџен.

Таа потсетува дека ако се повтори ситуацијата од мај 2010, кога никој на тогашните британски избори не доби мнозинство пратеници за да се формира еднопартиска влада, СНП би побарала да партиципира во прогресивната алијанса.

Лидерот на оваа шкотска партија, сепак, вели дека лабуристичкиот лидер Џереми Корбин „нема кредибилитет да биде премиер на Британија“ па затоа проценува дека е малку веројатна варијантата со Парламент без мнозинство на ниту една партија.

Нејзината изјава доаѓа по последните мерења на рејтингот на партиите, според кој уверливото водство на конзервативците на Меј од 22 отсто, сега е сведено на само пет отсто.

Аналитичарите проценуваат дека сега би можело се да се случи, па и да се повтори ситуацијата од пред седум години, кога конзервтивците, тогаш со Дејвид Камерон како лидер, мораа да прават коалиција со либералдемократите, кои тогаш ги предводеше Ник Клег.

Конзервативците кои доскоро еуфорично најавуваа изборен триумф и „дебакл“ на лабуристите, по последното истражување на агенцијата „Југав“ прв пат во кампањата се загрижени дека може да им се случи предвремените избори да им ги влошат позициите во Парламентот.

Целта на Меј беше да се обезбеди мандат со уверливо мнозинство во Парламентот, за да се има силна база за преговорите со ЕУ за Брегзит, како и уверливо да ги порази лабуристите и СНП во шкотските изборни единици.

Никола Старџен не верува во партнерство со лабуристите, не само поради големите разлики околу референдумот за независност, иако двете партии идеолошки се на левичарски позиции, па затоа настојува да не дозволи слабеење на позициите на нејзината Шкотска национална партија.

Засега нема реакција од Лабуристичката партија на понудатаа од СНП, но конзервативците веке ја прогласија нивната евентуална алијанса како „коалиција на хаосот.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он