Никола Страџен бара место на преговарачката маса со ЕУ за Брегзит

Од:

Шкотската прва министерка и лидерка на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен изјави во Единбург дека гласовите за нејзината партија на претстојните парламентарни избори ќе ја зацврснат шкотската позиција во врска со Брегзит и ќе овозможат таа да може да бара место на преговарачката маса со ЕУ за британското заминување од Унијата.

Во интервју за Би-Би-Си-Скотланд, таа повтори дека Шкотска сака земјата да остане во ЕУ, а посебно да биде дел од заедничкиот пазар на Унијата.

Владата во Лондон меѓутоа, инсистира дека Шкотска, како и целата Велика Британија, ќе ја напуштат ЕУ.

На референдумот во јуни 2016 година, 62 отсто од Шкотланѓанте се изјаснија за останување на Велика Британија во Унијата, но благодарејќи на мнозинството „брегзитери“ во Англија, во целина 52 отсто од британските гласачи се определија за напуштање на Унијата, наспрото 48 отсто кои беа против.

На претстојните предвремени парламентарни избори од 8 јуни, СНП и Старџен настојуваат да го повторат успехот од изборите во мај 2015 година, кога во Шкотска освоија 56 од вкупно 59 пратенички места, колку што овој дел на Велика Британија ги дава во британскиот Парламент во Лондон.

– Сега имаме шанса, според тоа како ќе гласаме, определувајќи се за СНП, да обезбедиме демократски легитимитет за шкотските предлози и барања, рече Стареџен, мислејќи на предлозите што ги нудат пред почетокот на преговорите со Брисел околу шктскиот пристап до заедничкиот пазар, без разлика на тоа како ќе се определи остатокот на Велика Британија, но и за нов референдум за независност на Шкотска.

Таа од претходно најави дека доколку на референдум за отцепување, гласачите се определат за независност на Шкотска, тогаш Владата во Единбург веднаш ќе побара прием на земјата во ЕУ, но и дека ќе ја задржи сегашната валута фунтата, наместо еврото.

Старџен и СНП успеаја да обезбедат одлука за втор референдум да биде усвоена во шкотскиот Парламент, но иницијативата беше блокирана од британската Влада.

Британската премиерка Тереза Меј прво изјави дека „сега не е време за нов референдум“ за независност, а потоа свика предвремени избори со што го одложи целиот процес за по изборите.

Анкетите во Шкотска, покажуваат дека СНП не ќе може да го повтори успехот од пред две години.

Конзервативците на Меј, од своја страна, еуфорично најавуваат „историски успех“ на ториевците во Шкотска, каде никогаш не биле популарни, со освојување на дури 15 пратенички места.

Би можело да ве интересира

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ