Никола Старџен бара Британија да остане во единствениот пазар на ЕУ

Од:

Шкотската прва министерка Никола Старџен денеска изјави дека Велика Британија и по Брегзитот треба да остане на единственот пазар на ЕУ.

– Демократски е оправдано за целото Обединето Кралство да се случи тоа, изјави Старџен.

На собир во Единбург, на кој беа објавени предлозите за идните шкотски односи со ЕУ, таа уште еднаш порача дека ќе преземе се што треба со цел Шкотска биде дел од слободниот трговски блок, дури и ако другите делови од Велика Британија се повлечат.

Старџен објасни дека веднш по објавувањето на резултатите од референдмот, во Единбург бил создаден посебен правен совет од експерти, кои ги испитувале сите опции за Шкотска, вклучувајќи го и прашањето на одржување втор референдум за независност.

Сите предлози на овој совет сега се издадени во посебен владин документ, наречен „Местото на Шкотска во Европа“.

– Брегзит е проблем, што ние (Шкотланѓаните) не го создадовме. Но, сега е време за флексибилен приод околу заминувањето од ЕУ, кој ќе ги има предвид потребите на сите делови од Британија, изјави Старџен.

Таа нагласи дека резултатот од референдумот определува излегување од ЕУ, но дека тоа не значи и повлекување од единствениот пазар на Унијата.

– Доколку се инсистира на заминување и од пазарот, тогаш Шкотска ќе биде приморана да бара решение само за себе – за да остане на единствениот пазар преку Асоцијацијата на земјите членки на ЕФТА или преку Европскиот економски простор (ЕЕА), порача Старџен.

Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј соопшти дека сите шкотски предлози ќе бидат разгледани „мошне сериозно“, но Лондон укажува дека е „нереалино“ да се предвидува „специјален договор“ меѓу Единбург и Брисел.

На референдумот од 23 јуни, 62 отсто од шкотските гласачи се изјаснија за останување на Шкотска во ЕУ, додека 38 отсто беа за Брегзит.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски