Никола Саркози е сослушуван од истражен судија

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и сегашен лидер на опозициската Рeпубликанци од изутринава се наоѓа во канцеларијата на истражниот судија, која води истрага за финансисрањето на изборната кампања на претседателските избори во 2012 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Истражниот судија сака да дознае кој ги даваше наредбите за време на изборната кампања на Никола Саркози, кога беше надмината дозволената сума за нејзионо финансирање, што ја доведе на времето владеачката УМП(сега Републиканци) да се служи со лажни фактури, преку организаторот на митинзите „Бигмалион“. Имено со лажни фактури беше прикриено дека е надминат прагот од 22,5 милиони евра.

Судиите посебно се интерсираат за сметките на УМП, која ангажирала 13,5 милиони евра во кампањата а пријавила само три милиони.

Одбраната на Никола Саркози е дека тој на времето, покрај водењето на предизборната кампања еше и претседател инемаше време да се занимава со финансиските прашања на кампањата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили