Никарагва се приклучи кон Парискиот договор за климатски промени, по што остануваат само уште две земји кои не го поддржуваат договорот, а тоа се САД и Сирија.
Во заедничко писмо до ОН, претседателот и потпретседателката на Никарагва, Дание Ортега и Росарио Мурило наведуваат дека Парискиот договор за климатски промени не е идеален, но е единственото средство за да се спречи загадувањето на планетата.
На 1 јуни оваа година, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека неговата земја ќе се повлече од договорот, но при тоа остави можност за преговори со цел да се постигне подобра зделка за американскиот бизнис и американските работници.
Поради војната во Сирија, Владата на претседателот Башар ал Асад не може да се приклучи на договорот.
Парискиот договор, кој е постигнат во 2015 година, предвидува план за намалување на температурите на Земјата за два степена Целзиусови и за ограничување на емисиите на штетните гасови.