Никарагва ќе гради канал што ќе ги поврзе Атлантскиот и Тихиот океан

Од:

Парламентот на Никарагва донесе закон, што предвидува во земјата да се изгради канал што ќе ги поврзе Атлантскиот и Тихиот океан, пренесоа светските агенции.

Се очкеува изградбата на меѓуокеанската врска да трае 10 години и да чини 30 милијарди долари, посочија никарагвански претставници.

Според многумина пратеници, донесениот закон е „историски“ бидејќи реализирањето на проектот ќе биде „суштински придонес за економскиот развој на земјата“.

„Изградбата на каналот, по кој бродовите ќе можат да минуваат меѓу двата океана, ќе биде сон претворен во реалност“, изјави претседателот на парламентот Рене Нуњес.

Планови за изградба на меѓуокеански пат во Никарагва има уште од 1833 година, потсети тој. Се очекува каналот да биде заедничко акционерско друштво, во кое 51 проценти од акциите ќе бидат сопственост на државата, а останатите 49 проценти на инвеститорите, кои можат да бидат држави или меѓународни организации, како и одделни граѓани.

Претходно никарагванските власти посочија дека за реализирање на проектот се надеваат на финансирање од земји како Бразил, Кина, Русија и Венецуела.

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска